Судијата Душан Јосифовски не прифати ниту еден од предложените сведоци на одбраата во случајот за настаните пред Општина Центар.
Одбраната бараше да бидат повикани Кирил Божиновски, Ивица Коневски, Мартин Протугер, владиката Агатангел и уште 15 други лица.
Образложението на судијата е дека тие не произлегувале од главната расправа и биле повикани во дополнението.
Судот прифати само мал дел од материјалните докази на Јанакиески дека снимките биле конвертирани и дека во тој период не бил член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.