Судот денеска не прифати нова снимка од разговор меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и Миле Јанакиески, која можеше да фрли нова слика за случувањата пред општина Центар.

Како што кажа адвокатот Еленко Миланов, снимката е од 1.6.2013 година, а неа Груевски бара да се организира состанок на партиските тела.

Сепак, таков состанок Јанакиески не можел да организира бидејќи на споменатиот датум бил на заедничка средба меѓу владите на Македонија и Србија.

Единствено што Судот прифати е дека снимката е конвертирана.