Бојан Јовановски-Боки 13, кој е првостепено осуден во случајот „Рекет“, е примен во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Скопје, каде му е извршен итен оперативен зафат, потврди за Фокус директорот на болницата, Љубен Арсенков.
Јовановски бил примен околу 19 часот како итен случај и по извршените испитувања веднаш бил упатен кон операциона сала.
Тој бил пренесен во болницата по воспаление на желудникот, за што во повеќе наврати се жалеше во текот на судскиот процес.
Според директорот на болницата, Јовановски е во стабилна состојба.
За неговата здравствена состојба во неколку наврати реагираше и неговиот адвокат, кој на едно од судските рочишта за „Рекет“ рече дека на Јовановски му е дијагностициран рак на желудникот и бараше да се преиспита одлуката за определување мерка притвор.
Comments are closed for this post.