Опозицијата излегува на протести. Во текот на вчерашниот ден лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на граѓански протест за утре 9 септември против поскапувањето на цената на електричната енергија. Тој ги повика сите оние кои не се согласуваат со мерките и политиките на власта да излезат, и кој треба да биде само еден од серијата протести во наредниот период.

Излегувањето на протести покажува дека Мицкоски е решен да не дозволи нов 4 годишен мандат на владата предводена од СДСМ и ДУИ, од кој не само што не ги спроведоа дадените ветувања за подобар живот, правда и еднаквост, туку лошо се справуваат со корона кризата која остава илјадници граѓани на улица и без основен приход.

И не случајно сега се излегува на протести. Очигледно Мицкоски има поддршка од останатите опозициски партии за туркање на власта. Впрочем и сaмиот тој тоа го најави дека се работи на окрупнување на опозицијата. Во интервју за Дојче Веле, Мицкоски изјави дека широкиот опозициски фронт ќе биде израз на неправдите, сиромаштијата и не нудењето ништо ново од страна на власта.

Нема нова енергија со старите и истрошени кадри во Владата, која не понуди ништо ново. Сега Заев како во очај од недостаток на кадри вели дека на дел од пратениците ќе им понудел да бидат дел од функциите во извршната власт кои ги раздава небаре дражавата е како неговите приватни фирми. Воедно власта нуди стари ветувања, а нови се само долговите кои растат и дупката во буџетот. Оваа власт ќе падне на граѓански протести, а опозицијата ќе се окрупнува. Следува широк опозициски фронт и огромното граѓанско незадоволство, кој ќе биде израз на револт за сиромаштијата, за долговите кои ни ги оставаат и за неправдите кои ни ги причинуваат. Што се изгради за овие четири години?

Ние немаме уште нови четири години за да и ги дадеме на мафијата да ни ги потроши“, рече Мицкоски за Дојче Веле.

Дека Мицкоски може да успее во намерата, покажува и тоа што власта едвај создаде тенко мнозинство за формирање на влада на неодамнешните парламентарни избори покажаа дека опозицијата освои повеќе гласови од власта.

доколку се соберат нивните гласови доаѓаме до бројка од 446.037 гласови, но доколку се соберат глласовите на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците – Алтернатива, Левица и останатите политички партии, таа бројка изнесува 466.149 гласови. ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина, што е повеќе од половината општини во Македонија, а воедно коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи и во главниот град Скопје, што јасно покажува дека во државата владее опозициско расположение кај народот.

Дека промените се и дел од поширока слика говорат и промените кои се случуваат во регионот. Здружената опозицијата во Црна Гора успеа да го турне од власт Мило Ѓукановиќ, кој со таа држава владее веќе 30 години. Претходно промени имаше во Словенија и Грција, а масовно веќе два месеци се протестира и во Бугарија, додека расте незадоволството и во Албанија. Очигледно дека овој бран на промени нема да ја заобиколи ниту Македонија.

Токму тоа е и причината за нервозата кај власта, а особено кај лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој се потепа да оди на „баци рака“ кај сите амбасадори во земјава барајќи поддршка. Заев на најавени протести против сиромаштија и поскапување на струја, во недостаток од аргументи и наместо да спроведе реални политики, ги игнорира протестите и дури арогантно се впушти во обид за навреда.

Поривот што го гледам кај опозицијата е фрустрација зошто не се власт. Без да дадат време да се види колку ќе бидеме успешни се гледа една грозотија од фрустрација – зошто не се власт“, рече премиерот Зоран Заев, иако до пред избор на владата велеше дека е потребна силна опозиција за земјава да оди напред, но тој заборави дека оваа влада не е нова и дека го нема луксузот од 100 дена за да се спреми во водење на економските политики, кои нема да донесат суштински реформи, туку само го зголемуваат популизмот кој исто Заев до пред 4 години го плукаше.

И постои фрустрација, но таа фрустрација е резултат на се поголемата сиромаштија во државата, резултат на тоа што се чекаше да поминат изборите за да ја поскапат струјата, се брзаше со изборите за да има функционално Собрание, а повеќе од еден месец од верификација на мандатите, сеуште собранието не работи. Револт затоа што над 40.000 граѓани останаа без работа, за само неколку месеци, што се носат судски одлуки врз основа на тоа кој има поголема моќ, а не праведност, ветувањата за правда како и пред 4 години и сега се гола реторика. Фрустрацијата не е „зошто не се власт“, туку затоа што нема подобар живот во Македонија, а нема ни правда.

Граѓаните се револтирани, Македонија влегува во должничко сценарио, се полош стандард, влегуваме во рецесија, а трошоците за живот растат. Не чекаат уште потешки времиња, а оваа власт покажа дека не може да се носи со предизвикот. Затоа и власта е нервозна, знае дека сето ова прави граѓаните да се свртат кон опозицијата.