Состојбата со Бојан Јовановски била повеќе од критична. Кога го донеле во Градската болница „Св.Наум Охридски“ веднаш била направена хируршка интервенција на неговиот желудник со полна анестезија.

Како што дознава “Република“ од болнички извори тој имал дупка од два сантиметри во неговиот желудник од кој извлекле два литра течност.

(фото: МИА)

Тој подолго време има проблем со желудникот и требаше да оди на контрола и снимање уште пред шест месеци но судот тоа го игнорираше.

Доколку бил донесен половина час подоцна тој можел да добие сепса и да почине.  Боки утре требаше да се појави на рочиште за случајот Меѓународен сојуз но сега е неизвесно дали тоа ќе се одржи.