Иако од смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан поминаа две децении неговото убиство се уште е мистерија. Се знае кој но не и зошто е убиен , ниту пак кој се нарачателите.
Весникот Курир.рс. објави извештај од повеќе странски служби за тоа што се случи во хотелот Интерконтинентал во Белград на 15 септември 2000 година.
Според проценките, на убиството влијаело тоа што Аркан премногу се опуштил и го намалил обезбедувањето, за разлика од претходните години кога имал и по 20 и 30 добро обучени телохранители.
Покрај тоа му биле уфрлени и пријатели кои претходно биле обработени од службите со цел тој да биде комотен.
Според реконструкцијата на настанот, Доброслав Гавриќ го убил Аркан со три куршуми во вратот додека седеле во лобито на хотелот.
Comments are closed for this post.