Грчката претседателка, Катерина Сакеларопулу и премиерот Кирјакос Мицотакис за време на нивната средба во претседателската палата се осврнаа на ситуацијата во грчко –турските односи, заштитата на суверените права на земјата со целосна посветеност и почитување на меѓународното право и на поддршката од Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина.
– Имаме проблеми со соседите кои продолжуваат да создаваат тензии и оспорувајќи ја секоја смисла на добрососедство поставуваат прашања на оспорување на нашите суверени права за кои мислам дека, одговорот од сите нас е очигледен, дека секогаш ќе ги заштитуваме со почитување на меѓународното право, рече претседателката на Грција на почетокот на средбата со Мицотакис.
Грчкиот премиер истакна дека земјата со сите провокации ќе се справи стабилно, со самодоверба „и секогаш посветена на меѓународното право“.
-Немам никаков сомнеж дека и во оваа тензија, за која сакам јасно да истакнам дека Грција не ја посакува и сигурно не ја предизвикува, апсолутно сум сигурен дека ќе имаме целосна поддршка од Европската унија, за да можеме, се надевам да го надминеме овој период, но испраќајќи и една јасна порака: дека тензијата што не ја предизвикавме ние, не може автоматски да доведе до деескалација на ситуацијата што ја живееме и подобрување на нашите односи со Турција, рече Мицотакис.
Сакеларопулу потенцираше дека она што е позитивно, освен цврстата позиција на Грција, е и поддршката од претседателите на другите земји, а како пример го спомена телефонскиот разговор со нејзиниот португалски колега.
Мицотакис одговори дека поддршката од Европа, како на билатерално, така и на институционално ниво на ЕУ е факт и „никогаш не беше оспорена
Comments are closed for this post.