Преименување на празникот 24 мај од Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост во Ден на бугарската писменост, просвета и култура.
Ова го предлага ВМРО, информираат бугарските медиуми за денешниот брифинг во Народното собрание на Красимир Богданов од „Обединети патриоти“ и копретседателот на парламентарната група Искрен Веселинов. Тие предвидуваат преименувањето да се случи преку промена во законот за празници.
–Предлогот предвидува промени во чл. 154 ал.1 каде се содржани официјалните празници во Република Бугарија. Тоа што ние го менуваме конкретно е зборовите „24 мај Ден на Бугарската просвета и култура и на словенската писменост“ да се замени со „24 мај Ден на бугарската писменост, просвета и култура, вели Богданов.
Тој не ја исклучува можноста од реакции на други држави и дипломатски проблеми. Но, истакнува дека тоа е само првиот чекор. Според него, со конкретниот немало да се предизвикаат спорови, но веројатно во иднина би можело да има. И тврди дека предлогот произлегува од неопходноста да се стави крај на дебатата каква азбука е кирилицата.
-По средби со многу патриотски организации ја донесовме одлуката за исправката, зашто целата историска заедница, која гледа објективно на настаните, знае дека ако глаголицата има свои карактеристики на општословенска азбука, тогаш кирилицата е недвосмислено создадена во бугарските земји за потребите на бугарската држава, изјави Веселинов.
Тој додаде дека пред неколку месеци претставниците на „патриотите“ во европарламентот Ангел Џамбаски и Андреј Слабаков имале средба со академици, кои многу остро ја поставиле оваа задача.
-Тука, во Бугарија, е само дел од бојното поле на таа идеја. Сметаме дека во европските институции треба да биде корегирано се што е можно за да биде јасно дека кирилицата е бугарска азбука, изјави Веселинов.
Comments are closed for this post.