Бојан Јовановски во продолжение на денешното рочиште преку фотографии изведени во досегашниот тек од процесот ги дава завршните зборови. Тој меѓу другото рече дека предметот бил исконструиран од Орце Камчев со помош на бугарски служби и дека не е јасно зошто не е гонет за шпионажа.
-На 2 април лани Орце Камчев се сретнал со тогашниот премиер Зоран Заев во присуство на бугарски агенти блиски на премиерот на Бугарија Бојко Борисов и му рекол дека има докази против мене. Дури и го снимал Заев. Знам дека е така и оти рекол “ќе му ебам матер на педерот и на дебелата”. Ден потоа мене ми се јави Заев и побара да ги “разгледаме доказите”, рече Боки.
Тој тврди дека Заев му рекол дека ѝ бил лут на Јанева оти отворила предмет „Империја“ против Сашо Мијалков и Орце Камчев.
Прашуваше како може Јанева да отвора случај против Камчев, кој имал тројца пратеници, а Мијалков и повеќе пратеници кои можат да му донесат гласови за референдумот. Сведок сум дека им се ветуваше на двајцата олеснување во постапката за да влијаат врз пратеници да се изгласа промена на Уставот, рече Боки.
Според Јовановски, предметот против него бил да се отргне вниманието од тие работи, а немало никакви докази. Затоа не се вештачи неговиот мобилен.
Comments are closed for this post.