Денес во „Отворено Студио“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека во регионот сме помеѓу првите по смртност во регионот од коронавирусот, поточно Македонија се наоѓа на второ место веднаш по Словенија.
Ако ги гледаме бројките по трите основни параметри по која што можеме да ја цениме успешноста на мерките, тоа е бројот на луѓе кои што го загубиле животот на милион жители, бројот на луѓе кои што се инфицирани на милион жители, и бројот на тестови направени на милион жители. И доколку се анализираат 10 држави од регионот ќе видите дека Македонија е во долната половина, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека по бројот на луѓето кои што го загубиле животот на милион жители во регинонот, ако го анализираме државите од Словенија да речеме преку Босна, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Турција, Албанија, Грција, Македонија итн. Македонија е втора по смртност веднаш позади Словенија.
Ако го гледаме бројот на заболените на милион жители ќе видиме дека сме трети. Ако го гледаме пак бројот на тестирани од 10 сме на седмо место. Така што бројките тука морам да признаам не се на наша страна, но секој човечки живот спасен навистина е голем успех, бидејќи секој човек вреди, нагласи Мицкоски.
Comments are closed for this post.