Лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи на 12 мај, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој уште еднаш нагласи дека сега не е време за избори, туку за справување на последиците со пандемијата од корона. Мицкоски нема дилеми дека кога и да се одржат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.

-Немам дилема дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ со најмалку двоцифрена разлика пратеници. Разликата ќе биде од 9 до 11 пратеници-убедува Мицкоски.