Премиерот на Косово Рамуш Харадинај денеска изјави дека не знае зошто УНМИК треба да остане на Косово кога ЕУЛЕКС го смени мандатот.

Еулекс го промени мандатот, не знам зошто УНМИК треба да остане тука, рече Харадинај.

Говорејќи пред студентите на Американскиот универзитет во Приштина, Харадинај ги повика припадниците на српската заедница да не ги напуштаат Безбедносните сили на Косово.

Се сретнав со Срби додека беа млади кадети. Ве повикувам вас да не ги прифаќате овие притисоци. Немојте да ги напуштате вашите задачи, зошто има многу Срби кои сакаат да бидат дел од КБС. Не ги објавуваме нивните податоци за да не се предмет на притисоци. Нивните податоци ќе ги чуваме со посебно внимание, рече Харадинај.