Со најавата за ублажување на мерките започна и шоуто кое секојдневно го приредуваат министрите на СДСМ. По налог на шефот Заев тие релаксирано глумат нормална состојба додека се мешаат меѓу луѓето иако не ја симнуваат маската од лицата. Министерот за здравство Филипче исто така е опуштен и подготвен за избори додека околу 20 пациенти се на респиратори. И тие ли ќе гласаат?
Зошто ли им требаат маски кога нема опасност да се заразат?
Одговорот е јасен, само за пусти избори. Заев се ќе направи , за како што вели, да ја „зграпчи првата можност за избори“. „Експертот“ во ликот на претседател на СДСМ вели дека наесен ќе сме имале нов пик на заразени, иако тоа со сигурност никој не може да го потврди.
А бројките на починати не се намалуваат. Се намалуваат само новозаразените, но не поради друго туку поради тоа што се прават минимален број на тестирања. Јасно е, ако нема нови тестирања не може да има новозаболени.
Таква „розева“ слика му е потребна на Заев за да организира избори среде лето кога стравот и паниката кај луѓето ќе биде голем и најмалку на што ќе му текнува е да излезе на гласање. А ниска излезност и тоа како и е потребна на власта. А и каде ќе се гласа?. Како гласачки места се користат училици, оние истите кои се затворени за ученици поради можноста за ширење на заразата.
За Заев не е важно што речиси никој не организира избори веднаш по вонредна состојба. Пример е Полска каде се откажани сите изборни активности.
Посебно нејасно е и однсувањето на претседателот Пендаровски. Иако спротивно од Уставот прогласи втора вонредна состојба, откако власта почна да говори за избори веднаш ја смени плочата и вели дека не може од него да се очекува во недпоглед да прогласува вонредни состојби.
ри
И тоа сега, кога Светската здравствена состојба препорача продолжување на вонредната состојба за нови 90 дена.Останува да се види кога ќе послуша Пендаровски, експертите или шефот кој го постави за претседател.
Comments are closed for this post.