Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повика на глобално заедништво во борбата со пандемијата на новиот коронавирус и заеднички напор да се пронајде вакцина против заразата.
„Секој во светот може да се зарази со овој вирус и затоа нашата мисија е да работиме заедно на глобално ниво“, рече Ангела Меркел во нејзиниот редовен видео подкаст во сабота.
Меркел истакна дека Германија сака да работи интензивно со Светската здравствена организација и остатокот од светот на пронаоѓање вакцина против коронавирусот.
„Ние како земја претпоставуваме дека мултилатералната глобална акција може да ни помогне да ја надминеме оваа пандемија“, рече Меркел.
Таа додаде дека пандемијата ширум светот предизвикува огромна штета на економскиот и социјалниот живот.
„Затоа морам да работам интензивно и со висок степен на концентрација за да се ублажи ширењето на вирусот и на крајот да го поразиме со развивање вакцина. И тоа е најважната задача – задача да спасат милиони човечки животи низ целиот свет”, нагласи Меркел.
Таа напомена дека околу осум милијарди евра во моментов недостасуваат за развој на новата вакцина и најави дека Германија ќе биде силно вклучена во процесот на пронаоѓање на вакцината преку финансирање. з
Comments are closed for this post.