Севиља денеска во Шпанија е веднаш зад великаните Реал и Барса но малкумина знаат дека овој тим од Андалузија беше вистински хит во деведесеттите години. Поточно во 1992 година во Севиља дојде големиот Марадона, по напуштањето на Наполи и скандалот со конзумирање на дрога.
Марадона за партнери ги имаше тогаш младиот Давор Шукер и Диего Симеоне. Целиот тим беше подреден на Марадона и се тренирало тогаш кога нему му одговарало. Но, Диего, тогаш веќе имаше 31 година и се помалку мислеше на фудбал а повеќе на жени и забава.
Откако одиграл неколку натпревари на свежина, почнал буквално да оди по теренот. Набрзо им пукнал филмот на газдите на клубот и тој добил отказ по што замина во родната Аргентина и потпиша за Њу Олд Бојс.
Comments are closed for this post.