Македонија ќе мора да заборави на „македонско малцинство во Бугарија“ и на „македoнски јазик“ и да користи само „службен јазик на РСМ“, ќе мора брзо да работи со комисијата за историски прашања ако сака да ги продолжи преговорите со ЕУ.
Ова се само делови од Изјавата на Бугарија во врска со усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за проширување, документ до кој дојде МКД.мк.
Во разговорот за МКД.мк Никола Димитров, министерот за надворешни работи на Македонија вели дека „никогаш нема да прифатиме вметнување на антиевропски билатерални услови што навлегуваат во македонскиот идентитет во преговарачката рамка за пристапување кон европското семејство“.
Оваа Изјава на Република Бугарија, која МКД.мк ексклузивно ја објавува, стана дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и датумот за преговори за Македонија и Албанија. Со ова Бугарија го условува одржувањето на меѓувладината конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија и Албанија.
Comments are closed for this post.