Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев информира дека заедно со м-р Петар Јовановски изучувале модел преку кој ја добиле речиси истата слика со која сега се соочуваме во реалноста за бројот на заболени со КОВИД-19 и на смртни случаи, при што посочува дека максималниот број инфицирани од коронавирус во земјава се очекува да се случи во почеток на мај со околу 1.100 заразени.
Според нивното истражување, овие резултати се пооптимистички во однос на предвидувањата на здравствените власти дека врвот на епидемијата ќе се случи кон крајот на април со околу 2 000 заразени.
Comments are closed for this post.