Желбата за собирање на политички поени на СДСМ, без издржани мерки, туку со гол популизам, ја донесе државата во ситуација за еден месец пандемија да има над 100.000 привремено отпуштени работници.
Квази мерките на власта ги принудија угостителите да одјават над 50% од нивните вработени.
Нина Ангеловска ја разобличи лагата на Заев и кажа дека најавените 14.500 денаро за фирмите се всушност 9.000 денари.

За така скроената мерка за која не можат да се договорат колкав износ ќе има аплицирале стотина фирми. Ова не е помош за економијата, ова е потценување!
СДСМ да ја тргне суетата и надменоста и доколку навистина сака да и помогне на државата да ги примени мерките за економијата кои веќе ги предложивме – истакнуваат од ВМРО ДПМНЕ