Првиот ден од април во осум часот изутрина во Дебар е со снежна покривка од 16 сантиметри, 15 на Попова Шапка, 14 во Крушево, 11 во Маврово и Пожаране. Осум сантиметри снег има во Лазарополе и Ѓуриште, седум во Прилеп,шест во Битола, пет во Тетово, четири во Тополчани, и по три во Скопје-Зајчев рид и Штип, а еден во Берово. Во Маврово се измерени минус осум степени, во лазарополе и во Крушево минус четири, минус два во Прилеп, минус 1 во Крива Паланка, Тетово, Скопје-Зајчев Рид.
Уптравата за хидрометеоролошки работи најави дека времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, а само во долниот тек на Повардарието ќе бидат од дожд и снег. На повеќе места количината на наврнет воден талог ќе биде над 25 л/м2, а најмногу врнежи ќе има во јужните делови. Снежна покривка ќе се формира речиси во целава земја, на пониските места и над 10 см, во Пелагонија околу 20 см, а на планините и повеќе. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од снег во текот на целиот ден и во вечерните часови, при што ќе се формира снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.
Comments are closed for this post.