Морам да признам дека сум сериозно загрижен и за економската рецесија која ни престои. Државата оди по самиот раб. Илјадници луѓе престануваат да одат на работата, а штетите се поголеми од ноншалантниот однос на владата. Оние мерки кои ги соопшти Заев се далеку од доволни – напиша утрово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето отворено писмо.
Според него треба веднаш државата да покрие 50% од сите трошоци за вработените, плати и придонеси. Да се замрзнат плаќањата на рати кон банките и заемодавателите бидејќи тоа е добро и за банките, но и да се излезе со детална програма на Владата и функционерите на власт за финансиско кратење на нивните привилегии и непродуктивни трошења.
Да почнеме со штедење не од работниот народ, туку од привилегиите на властодршците, со личен пример. Ќе предупредам парите во услови на ваква криза стануваат од ден на ден се поскапи, затоа што ги има се помалку. Задолжувањето до кое ќе се дојде доколку се чека премногу ќе биде со огромна камата и затоа треба да се направи рационален план за изнаоѓање на свеж капитал по најповолни услови што може да се обезбедат. Нема ние како власта која тогаш беше опозиција да пишуваме писма за да го блокираме задолжувањето – напиша Мицкоски.
Тој упати порака до експремиерот и акетуелен лидер на СДСМ, Зоран Заев и техничкиот премиер Оливер Спасовски:
Независно што јас и ВМРО-ДПМНЕ ги предлагаме овие мерки, прифатете ги што побрзо, прифатете ги за доброто на државата и сите наши граѓани. Прифатете ги, а јас ќе се откажам од сите политички ловорики кои вам ќе ви ги отстапам. Мене таква слава не ми треба, само прифатете ги и дејствувајте итно. На граѓаните и Македонија и треба помош и лидерство.
Понатаму Мицкоски нагласува дека ќе профдолжи да се бора со предлози и активности кои ќе значат помош за граѓаните и економијата.
А тоа го може и секој еден од вас кои ќе го прочитате ова писмо, едноставно е, да се однесуваме одговорно и совесно и останете дома, така ќе се заштитите себе си, но и другите. Што се однесува до економијата купувајте македонски производи и сигурно ќе спасите некое работно место.
Comments are closed for this post.