Силен земјотрес го потресе Загреб утрово, едено момче загина, а многу се повредени.

Оваа фотографија покажува за јачината и стравот од земјотресот. Родилки од загребската болница со своите бебиња во раце се излезени на улица плашејќи се за своите чеда.

Загреб го погодија два силни земјотреси со јачина од 5,5 и 5,0 степени според Рихтеровата скала. Едно 15-годишно девојче е сериозно повредено, и се бори за живот.

Во земјотресот се срушени неколку објекти, уништени возила, а исто така оштетена е дел од болницата Ребро, и болницата на улица Петрова.