Законот за јавно обвинителство кој беше донесен на последниот ден од распуштањето на Собранието ќе биде оспорен пред Уставниот суд. Адвокатот Томе Тодоровски ќе ја оспори постапката со која беше донесен законот, а не неговата содржина.
-Ќе го оспорам законот бидејќи првично беше донесен законот со 74 пратеници а не со 80. Деловникот не му дозволува на Талат Џафери да го повторува гласањето-нагласува Тодоровски.
За време на гласањето на Законот за ЈО, 74 пратеници го поддржаа законот за кој треба двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници.
Но, изненадувачки спикерот Џафери го повтори гласањето под изговор дека на шестмина пратеници не им бил регистриран гласот. По повтореното гласање законот доби поддршка од 80 пратеници.
Но, судејќи од досегашното искуство, мала е веројатноста Уставниот суд да ја прифати оваа иницијатива. Судот досега се нема изјаснето по иницијативите за изборот на Талат Џафери, по пет иницијативи за Договорот од Преспа, како и десет за Законот за јазици.
Comments are closed for this post.