Ако се погледнат имињата на кандидатите на изборните листи на СДСМ не може да не се забележи дека недостигаат неколку звучни имиња како меѓу министрите така и од пратениците од сегашниот систем.

Уште на прв поглед се забележува отсуството на Александар Кирацовски, Фросина Ременски, Мира Стојчевска-Дизел, Хари Локвенец, Бетиан Китев..

Кирацовски и Ременски ги загубија и партиските функции летото по избивањето на аферата „Рекет“ каде се споменуваа и нивните имиња. Ременски вчера сепак се појави на Конгресот на СДСМ.

Индикативно е што било преовладувачко на листите да се најдат актуелни министри а истовремено дел од нив да недостасуваат. Ако на пример може да се најде оправдување за министерката за правда Дескоска која ќе биде претставник на Македонија во Венецијанската комисија, тогаш неизвесно е на што се должи отсуството на Сугарески и Филипче, а во што е предноста на Димитров, Шекеринска, Манчевски…

Но, најголема дилема предизвика присуството на Панчо Минов и Зекир Рамчиловиќ кои пратеничкиот мандат го започнаа како опозиционери.

Се прашуваме во што е нивната предност, во однос на Локвенец на пример.Толку ли е голем нивниот партиски придонес или пак се работи за награда за гласањето за името и за Законот за јавно обвинителство.

На ова, ќе треба да одговорат партиските органи на СДСМ.