Денеска сме со Македонско-Германската стопанска комора, и она кое што секаде го рефлектираме како позиција на ВМРО-ДПМНЕ е дека од суштинско значење ќе биде како идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе и имплементира сет од мерки и политики коишто ќе значат практично партнерство и поттикнување на економскиот раст на државата. Тоа ќе биде суштински приоритет и приоритет на кој што ќе се темелат идните политики, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со германските стопанственици.
Се разбира, за да имаме успешна економија во Македонија, ние мораме да имаме успешно реформирано правосудство, а не вакво правосудство коешто од Сваровски прерасна во Луј Витон правосудство, за да можат инвеститорите, без разлика дали доаѓаат надвор од Македонија или се домашни инвеститори да можат да се чувствуваат сигурни во сопствените инвестиции. Како трет , но не помалку важен столб се разбира, она што цело време го повторуваме, а тоа е вложување и само вложување во образованието и во кадарот, односно во човечкиот потенцијал којшто потоа ние како држава ќе го понудиме на реалниот сектор, односно на бизнис заедницата, ќе повторам без разлика дали е надвор од Македонија или е внатре во Македонија. Како што можевте да слушните и почитуваните инвеститори од Сојузна Република Германија се соочуваат со еден таков феномен, односно јас би рекол апокалиптично сценарио каде што навистина високообразован и помалку образован квалификуван кадар ја напушта Македонија и со тоа практично тие остануваат без реална поддршка, којашто нив ќе им овозможи раст на бизнисот, а ние како држава и како влада остануваме со помалку платени даноци, коишто потоа би можеле да ги инвестираме во другите сектори, меѓу кои како што кажа и домаќинот здравствениот сектор кој што ни се наоѓа на едно катастрофално ниво, кажа Мицкоски.
Гледаме само како растат хациендите на министрите и плантажите со марихуана на премиерот и на неговото семејство, наместо да се зголемува бројот на реновирани операциони сали, реновирање на поликлиники, реновирани клиники, или изградба на нови болници. Еден податок само ќе ви кажам, а тоа е дека повеќе од 5.000 доктори и медицински персонал последниве 5 години ја напуштиле Македонија. Ете тоа е политиката којашто ние треба веднаш да ја спречиме и со нови политики и со нови мерки тие луѓе си ги вратиме назад. Најголемиот дел од тие луѓе заминаа во Сојузна Република Германија, а после тоа што ќе се случуваа на 1 март оваа година очекуваме да имаме дополнителен одлив на медицински персонал и медицински кадар, дали е приватно, секундарно или терцијално здравство небитно, да ја напушти Македонија и да мигрира таму.
Тоа се оние суштински работи коишто за жал остануваат недоречени и нерешени изминативе дваесет и девет години, некако се се ставало под тепих, но еве дојде денот кога тепихов се набабри и е пред експлозија. Затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ мора да го залечи се ова , за да може потоа така залечено да го реши.
Comments are closed for this post.