Претседателот на СДСМ Зоран Заев призна дека снимката што ја презентираше пратеникот Милошоски на која се слуша дека тој дава пари на 1 ТВ и оти е запознат со активностите на Меѓународниот сојуз е автентична.
Заев вели дека нема ништо спорно во снимката и оти тоа било од маркетишки причини и дека на тој начин довивале реклама на 1ТВ.
Секогаш кога зборуваме за маркетиншки пристап тоа го зборуваме подеднакво за сите. Ако видите кога сме помагале на тогашната 1ТВ сме помагале и на Сител и на Канал 5 но за тоа сме добиле сериозен маркетиншки простор односно преку кој сме имале простор да ги претставиме нашите политики.Гледате дека зборувам отворено во едно време кога немало никакви докази ниту сум имал индиции ниту некој претставил нешто пред мене во такво едно време шест месеци пред да се појави случајот Рекет и мене да ми биде презентиран како совесен претседател на влада сум почуствувал одредено сомнително финансирање па сум прашувал од каде. Таму вика од фраерот од Хрватска и од некои други извори-изјави Заев.
Comments are closed for this post.