Кондовецот Агим Красниќи од вчера е во бегство, тој не се вратил во затворот во Штип по викендов, дознава Алфа. Красниќи бил пуштен дома, но откако вчера не се вратил назад тој се води за бегалец и полицијата веќе го бара.
Со доаѓањето на СДСМ на власт, во ноември 2017 година Красниќи после 9 години поминати зад решетки, доби право дома да си оди за викенди. Тој со неговата седумчлена група беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување неправилности на тогашните парламентарни избори, неовластено поседување оружје и злосторничко здружување.
Кондовската група доби вкупно 50 години затворска казна.
Comments are closed for this post.