Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, вечерва во интервју за Алфа телевизија, а во врска со случајот „Монструм“ истакна дека Заев е човек без морални скрупули, тој се дрзнал да седи со родителите на убиените деца и да ги гледа во очи и да ги лаже, само за да добие политички поени.

-Заев се дрзна да седи со родителите на убиени деца и да ги гледа во очи и да ги лаже, само за да добие политички поени, тоа веројатно е најдобриот  начин да се долови за каков човек , не политичар станува збор. За човек којшто може такво нешто да направи, за најважното и најдрагоценото нешто што го имаме, а тоа се децата, не станува збор само за етичност, станува збор и за кривично дело и за тоа ќе одговара еден ден, вели Јанушев.

Јанушев посочи дека во политиката условно кажано „оружјата“ се бираат врз основа на принципи и морал или се бираат врз основа на непостоење на морални скрупули. За жал на Република Македонија Заев е тип на политичар којшто нема никакви скрупули.

-Веќе една година убијците за „Смилковско“ се на слобода после две судски пресуди, на слобода се само по заслуга на Заев, рече Јанушев.

Јанушев вели дека исто така дека Заев е тип на политичар без никакви морални скрупули којшто кажува едно, а до крајот на денот на денот кажува нешто сосема спротивно, со неговите изјави ја насочуваше истрагата во друг тек, а за тоа се одговара и кривично.

-Заев збореше дека власта била вмешана во тој случај тогаш, само заради и исклучиво за политиканство, за политички поени и како што видовме во овие три години за пусти пари, да ги немаше некои од неговите изјави и искази, истрагата ќе се водеше во поинаква конотација и ќе имаше поинаков тек, истакна Јанушев.