Мотоциклистот на Хонда, Марк Маркез ја искористи својата прва шанса да ја освои титулата во Мото ГП, со победа на трката во Јапонија. Со овој триумф и освоената титула, Шпанецот стана најмладиот петкратен шампион во највисоката класа и седумкратен шампион во сите класи на мотоциклизмот.
Италијанецот Андреа Довициозо со Дукати, кој стартуваше од пол-позицијата со победа на трката ќе ја одложеше шампионската промоција на Маркез, но не успеа во тоа. Италијанецот имаше позиција да заврши пред МАркез, но малку пред крајот, шпанскиот возач го премина и ја зазеде лидерската позиција.
На два круга пред финишот на трката, Италијанецот, кој во тој момент беше втор, падна во десеттиот свиок на патеката „Мотеги”, со што го остави Маркез непречено на чело.
Зад Маркез завршија мотоциклистот на Хонда, Кал Крачлоу и Алекс Ринс на Сузуки. Четвртата позиција ја зазеде Валентино Роси, кој има шанса да дојде до второто место во генералниот пласман, со оглед на тоа што заостанува само девет бода зад Довициозо.
???????#Level7 #WorldChampion #WC18 #MM93 #JapaneseGP@MotoGP pic.twitter.com/oazpec1jYi
— Marc Márquez (@marcmarquez93) October 21, 2018
The fight is on!@marcmarquez93 had hit the front, but @AndreaDovizioso quickly fires back! ?#JapaneseGP ?? pic.twitter.com/KR9HnFtEVh
— MotoGP™??? (@MotoGP) October 21, 2018
Comments are closed for this post.