Леброн Џејмс не успеа да забележи победа во домашното деби за Л.А. Лејкерс, откако „езерџиите“ беа поразени со 115:124 од Хјустон рокетс.

Гледачите во преполниот „Стејплс Центар“, меѓу кои и десетици познати личности од Лос Анџелес, видоа како „Кралот” постигна 24 поени, но тоа не беше доволно за „езерџиите“ да го избегнат вториот пораз во исто толку натпревари од новата сезона.

Џејм Харден беше најефикасен во победнилчката екипа со 36 поени, од кои 11 во последната четвртина, а одлична партија пружи и Крис Пол со учинок од 28 поени, 10 асистенции и седум скокови.

Резултати од останатите синоќешни натпревари

Вашингтон – Торонто 113:117

Индијана – Бруклин 132:112

Њујорк – Бостон 101:103

Филаделфија – Орландо 116:115

Мајами – Шарлот 112:113

Чикаго – Детроит 116:118

Далас – Минесота 140:136

Денвер – Феникс 119:91

Портланд – Сан Антонио 121:108