„На многу пат сме од пред две години. Успеавме полека, полека, чекор по чекор, Скопје да го претвориме во успешна приказна. Најдоброто допрва следува. Покажавме дека не беше залудна бробата за промени“. Со овие зборови, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, го почна говорот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на завршниот настан од караванот на СДСМ, наречен „На прав пат“.
Шилегов во говорот се пофали дека системски почнале да ги решаваат проблемите кои со години биле ставани под тепих.
За две години презедовме 28 мерки кои видливо го намалуваат аерозагадувањето. Инспекциите се засилени за загадувачите“, рече тој и додаде дека 13 од 23 средни училишта имаат енергетски фасади, Градот дал субвенции за оџачари, за набавка на инвертери, велосипеди, го обвновиле зеленилото во Градот, а градските улици и булевари се граделе побрзо и подобро од порано.
Ми викаат многу работиш, не ти чини пиарот, не знаеш да се фалиш. Ние не се фалиме, затоа што за нас тоа е редовна работа. Поважно од улиците, булеварите и објектите, Скопје се луѓето, Скопје е секој од нас што не е присутен во оваа сала, рече Шилегов и кажа дека нема да дозволат Скопје да се врати, во како што рече, црното минато.
Од февруари низ скопските улици ќе можат да се видат новите 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас, најави исто така скопскиот градоначалник.
Наместо набавки на скапи автобуси, на пат се 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас кои од следниот февруари ќе ги гледаме низ скопските улици, рече Шилегов, додавајќи дека се преземаат системски мерки и во делот на хигиената на градот, сообраќајот и аерозагадувањето.
Со новите еколошки автобуси се очекува годишно да се заштедат 25.000 евра за гориво, во споредба со двокатните кинески автобуси. Новите автобуси ќе имаат влијание и врз намалувањето на аерозагадувањето во градот бидејќи емитуваат незначителна концентрација на ПМ честички.
Промените денес се наша реалност. Многу подобра од претходната. Реалност за која вреди да продолжиме понатаму во истиот правец, сигурни како никогаш досега дека знаеме, умееме и можеме, сигурни дека сме на правиот пат, порача тој.
Градот убав има посебно место и во моето и во вашите срца. Најубав е кога е полн со луѓе исто како оваа сала која е претесна да ве собере сите вас кои безрезервно нè поддржувате последниве години, истакна Шилегов.
Comments are closed for this post.