Најмалку четири луѓе загинале при експлозија во фабрика за пиротехнички средства во градот Гатчина во близина на Санкт Петерзбург, соопштија локалните власти. Во инцидентот се повредени седум лица, од кои две се хоспитализирани.
Локалните медиуми соопштуваат дека има информации оти под урнатините на фабриката „Авангард” се телата на уште две лица.
Се претпоставува дека межу жртвите има барем еден државјанин на Белорусија.
По несреќата приведен е главниот инженер по сомнение дека вработувал работници „на црно”, соопшти Истражниот комитет на Руската федерација.
Работници, кои немале обука, ниту право да извршуваат таква дејност, подготвувале смеса за пиротехнички средства.
Comments are closed for this post.