Претседателот на Собранието Талат Џафери, го испрати барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за предвремено ратификување на Протоколот за НАТО во македонскиот парламент. Опозициската партија бара Протоколот за НАТО да биде ратифукуван пред распуштањето на Собранието кое според планот за изборите на 12 април, треба да престане со работа на 11 февруари.

Како аргумент ВМРО-ДПМНЕ го наведува примерот со Црна Гора. Нивнииот парламент го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО неколку месеци пред тоа да го направат неколку членки на Алијансата.

Во нашиот случај, остана уште Шпанија да го ратификува Протоколот пред и официјално да станеме 30-та членка на НАТО