Порталот Република ја продолжува веста за тајната средба на американскиот милијардер Александер Сорос и премиерот Зоран Заев иако од Владата и од премиерот сѐ уште нема реакција за веста објавена вчера.
Според информациите на Република, Сорос пристигнал во Охрид со својот приватен авион, а од аеродромот бил преземен со обезбедување од полициски службеници од Шестата управа и сместен во охридскиот хотел „Јуник“.
Во хотелот биле воведени строги мерки на претпазливост, а според изворот на Република, во еден момент било наложено дури и поширокиот персонал од хотелот да се острани и да не пристапува во деловите каде што биле сместени Сорос и неговите соработници. Се претпоставува дека токму тогаш во Во салата за бизнис-состаноци се одржала и средбата меѓу Зоран Заев, Еди Рама и тимот на Алекс Сорос.
Наводно средбата била неслучајна и темпирана во време на одржувањето на трилатералниот состаноок во Охрид за да се прикрие присуството на контроверзниот бизнисмен и зголеменото присуство на обезбедување и полиција.
Според шпекулациите, Заев е свесен дека неговата намера за прикажување на опозицијата за антиевропска доживува неуспех, и затоа тој се враќа на својот сигурен спонзор Сорос.
Составот на делегацијата на Сорос, финансиски и ПР-стратези, пак, укажува и на можните теми за разговор.
Тема на состанокот, како што веќе пренесовме вчера, била финансирање на кампања и поддршка на медиуми. За возрат Заев се согласил доколку се оствари најавуваниот есенски бран на мигранти, за дел од нив да обезбеди брза рута за транспорт кон северна Европа, а дел да да ги задржи во земјава и македонската влада да обезбеди простор и услови за нивно домување.
На истата средба во Охрис бил и албанскиот премиер Еди Рама, од кого Заев, наводно побарал да влијае и да помогне во обезбедување на албански гласови за СДСМ. Рама го одбил барањето на македонскиот колега со образложение дека неговото мешање ќе ја налути ДУИ. На ова Заев наводно му возвратил со уцена дека висок полициски функционер отпатувал во Чикаго и остварил средба со Ел Чека и го снабдил со компромитирачки материјали за ДУИ.
Неофицијално, дознаваме дека Алекс Сорос се интересирал и за претходни средства кои биле вложувани од неговата фондација и наводите дека тие се злоупотребени од лице од власта.
Делегацијата предводена од Александар Сорос ја напуштила земјава вчера доцна попладне од Охридскиот аеродром и одлетала за Париз на Париската мировна конференција, каде што милијардерот ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски.
Comments are closed for this post.