Демонстрантите во Хонг Конг запалија човек што им се спротивстави во најновата ескалација на насилствата во антивладините протести. Запалениот човек е примен во болница во критична состојба.

На социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како човекот се расправа со група маскирани млади лица, пред некој од нив да го полее со некаква запллива течност и да го запали.

Медиумите пренесуваат дека неидентификуваниот и невооружен маж пред да биде запален извикувал „Вие не сте Кинези“.