Излеаната течност во ОХИС е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста, соопшти синоќа Министерсвото за животна средина информирајќи ја јавноста дека состојбата во фабриката е под контрола и нема место за паника.
Оттаму велат дека пилевината ќе биде собрана денеска и дека безбедно ќе биде отстранета во специјални буриња. Надзорот на локацијата ќе продолжува и денеска.
О2 иницијативата смета дека граѓаните не треба да се тие кои треба да пријават хаварија која инволвира опасен отпад, токсични хемикалии, зошто ги гледаат, чувствуваат последиците од неа. Одговорните во фирмите, фабриките, погоните се тие кои треба веднаш да пријават до сите надлежни.
„Очекуваме највисока казна за одговорната фирма „Екоцентар 97“, една за хаваријата, втора за непријавување и непостапување според протокол и кривична пријава. Воедно и проверка на начинот на кој работат“ – стои во реакцијата на О2 иницијатива.
Comments are closed for this post.