Голманот на Вардар, Марко Кизиќ ја има најдобрата одбрана во 6. коло од ракометната Лига на шампионите.
Осумнаесетгодишниот Кизиќ на вчерашниот натпревар со Мешков Брест во игра влезе во средината на второто полувреме и за 15 минути забележа пет одбрани. Неговата двојна одбрана беше забележана како најдобра во изборот на колото што го прави ЕХФ.
Вардар го доби натпреварот со 36:31, а Кизиќ најави дека ќе биде сериозна конкуренција на
– Ова беше многу важен натпревар за нас за да можеме да се вратиме на 2. место во табелата. Иако беше тешка средба, сепак, игравме дома и тоа ни даде предност и многу голем мотив. Одиме и понатаму во висок ритам и ова беше средба на која докажавме дека и понатаму имаме квалитет, изјави Кизиќ на прес-конференција по натпреварот.
Comments are closed for this post.