Лидерот на партијата на грчкото малцинство во Албaнија, Партија за заштита на човековите права, Вангел Дуле, од албанскиот премиер Еди Рама побара да си поднесе оставка.
Тој преку Твитер потсети на оставките на неколку премиери или распишани предвремени избори.
– Австрискиот канцелар Себастијан Курц, најави предвремени избори откако беше објавено видео од скандалот во кој е вмешан, грчкиот премиер Алексис Ципрас презеде идентичен чекор , откако неговата партија Сириза изгуби на изборите за Европскиот парламент. Првично Тереза Меј си поднесе оставка, додека сега нејзиниот наследник Борис Џонсон најави предвремени избори затоа што не успеаја со Брегзит. И македонскиот премиер Зоран Заев по негативниот одговор за преговори со ЕУ, објави нови предвремени избори. Денеска, по неколкудневни протести, и либанскиот Харири поднесе оставка, истакна Дуле.
Тој, на крајот иронично констатира дека „само Рама нема неуспех или скандал поради што треба да падне“.
Неговото барање за оставка се случува денеска кога во Атина, Рама се сретна со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис, на која домаќинот, како што јавија албанските медиуми, изразил „задоволство од напредокот на остварувањето на правата на грчкото малцинство во Албанија“.
Comments are closed for this post.