Палењето на мазутот за загревање на болницата во Куманово е виновникот за екстремно високи нивоа на ПМ10 честички измерени во Куманово синоќа, соопшти општината.
Од вчера, како што е соопштено, почнаа да се преземаат итни мерки за намалување на загаденоста. Почнато е со аеросолизација на воздухот во централното градско подрачје и најпрометните улици, а инспекторите се задолжени да ги откриваат загадувачите.
Мерната станица за мониторинг на амбиенталниот воздух последните десетина години е поставена во болничкиот круг на Кумановската болница, непосредно до котелот за затоплување на истата. Анализата на информации добиени од мерната станица за каков тип на загадувач се работи од страна на надлежното министерство покажува дека најголемите пикови на загаденост е резултат од палење на фосилно гориво и истите се во период кога котелот за затоплување на болницата се пали, но по краток период се нормализира состојбата на штетните PM 2,5 и PM 10 честички. Овој проблем е детектиран од страна на општината и за истиот се преземаат соодветни мерки – се вели во соопштението.
Од општината додаваат дека е во тек гасификација на Кумановската болница со што ќе се реши овој проблем, но инвестицијата треба да биде помогната од Министерството за здравство.
Comments are closed for this post.