Антиекономската влада на Заев ги лажеше граѓаните дека во Македонија ќе ги донесе Гугл, Фејсбук, Фолксваген, но од тоа не излезе ништо. Затоа после три години власт како утеха ја преставуваат денешната германска инвестиција. Како партија, која во изминатиот период работела на носење десетици странски компании да инвестираат во Македонија кои отвориле десетици илјади нови работни места, принципиелно поддржуваме политика на привлекување на странски инвестиции како германската компанија Гересхеимер. Но мораме да истакнеме дека од оваа влада на Заев граѓаните очекуваа далеку повеќе, велат од ВМРО ДПМНЕ.
За жал власта на Заев беше повеќе ангажирана за сомнителни тендери, доделувања на концесии на фамилијарни фирми и за Луј Витон торби со пари, отколку на привлекување на инвестиции. Заради нивната неспособност и неработење Македонија е на дното во регионот по привлекување на странски инвестиции.Кога земјите од регионот имаат рекорден раст, Македонија со СДСМ има рекорден пад на странски инвестиции од дури 84,2% за периодот јануари – јуни во однос на ланската година. Во првите два квартала на 2019 година имаме само 48,7 милиони евра странски директни инвестиции. Република Македонија на дното со само 24 евра по глава на жител. Тоа значи во привлекувањето на инвестиции дека Бугарија е двојно подобра од Македонија, Словенија за 11 пати, додека пак Србија е 22 пати подобра од Македонија во странски директни инвестиции, велат од опозицијата.
Овие бројки се поразителни и говорат за неспособноста на оваа власт на Заев. Се повеќе се зборува за одлив отколку за прилив на странски инвестиции во државата.Оваа катастрофална политика на владата ќе заврши со изборите во април и тогаш ќе почне обновата на Македонија и ставањето на економијата на вистинските патеки на напредокот и растот, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Comments are closed for this post.