СБ во извештајот „Дуинг Бизнис“ потврдува дека имаме економско цунами и пад од седум места. Во Македонија нема реформи и наместо напре одиме назад, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното обраќање.

Според него, имаме пад во повеќе индикатори, како што е оној  за почнување на бизнис, за градежни дозволи, регистрирање на имот, пад имаме и за индикаторот добивање на кредит.

Тој е загрижен  дека овие назадувања ќе имаат влијание и на директните странски инвестиции во период кога државите од регионот имаат драстичен пораст.

Неуспешните политики на Зоран Заев и оваа арамиска влада не може да се игнорираат и премолчат. Суровата реалност и сиромаштијата имаат свои причини и сите до една покажуваат дека оваа влада не работи. Нивната неуспешност уништува животи. Неуспесите се очекуван епилог на тоа дека нема реформи. Оваа влада не прави реформи, не сака да прави реформи и нема план за правење реформи. Фактот дека нема реформи го истакнаа и од ЕУ, кои тоа го гледаат и знаат, го кажува сега и врвната меѓународна финансиска институција Светската банка-посочи Мицкоски.