Ние постојано зборуваме за економија. Во нашиот план зборуваме за македонски технолошки тигар на Балканот, зборуваме за креирање нови работни места, добри работни места, зборуваме за перспектива и стабилност на сите граѓани. За сето тоа да се случи ни е потребно владеење на правото и независно правосудство. Неопходни се темелни реформи во рамки на правосудниот систем, истакна првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во емисијата Отворено на ТВ 24.
Не може да биде адвокатот на Премиерот во друштво на јавен обвинител неколку часа пред да се случи писмото на Јанева и ние да веруваме дека станува збор за независно правосудство. Потребни се темелни реформи во правосудниот систем , Не може телото за реформи да го предводи Премиерот, дециден е Мицкоски.
Ние гарантираме дека тоа што ќе го ветиме и ке го испорачаме, независно судство што ќе овозможи домашни и странски инвестиции. Ветуваме повисоки пензии и субвенции, поголема поддршка, за бизнисмените и претприемачите. Тоа е гарант,, за тие што се иселија дека ќе се вратат , а сите оние кои размислуваат да си заминат да останат тука, вели Мицкоски во Отворено на ТВ 24.
Comments are closed for this post.