“Тимот за обнова на Макеоднија“ е тим од стратешки соработници кои не поврзува патриотизмот и желбата за обнова за Македонија, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во емисијата Отворено на ТВ 24.
Овој тим, истакна Мицкоски ќе донесе оптимизам и ке ги врати насмевките на луѓето и има за цел да ги врати назад сите оние кои заминаа од оваа земја. Тоа се натпартсики луѓе и затоа во овој тим нема пратеници.
“Јас не слушнав дека некој пратеник е незадоволен, напротив добив пофални збориови, поддршка и одобрување од сите партиски припадници“ истакна Мицкоски.
Во однос на информациите за можноста за формирање на нова партија од страна на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, со луѓе кои порано биле дел од ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски вели дека на сите им посакува се најдобро.
“ВМРО ДПМНЕ е обединето и силно мотивирано да победи на следните парламентарни избори и да ја ослободи Македонија, но треба да сме свесни дека СДСМ и Владата на Заев ќе користи секакви алатки за да го ублажат тоа. Но, сите кои мислат дека постои можност за формирање нова партија им посакуваме се најдобро, затоа што ќе се збогати понудата и секако можност да се натпреваруваме со политики и идеи“ изјави Мицкоски.
Comments are closed for this post.