Нобеловата награда за мир ќе биде објавена во петок во Осло, а најголем фаворит е активистката против климатските промени Грета Тунберг. Таа ја шокираше јавноста со својот говор во Обединетите нации каде укажа на опасноста од климатските промени и заштитата на природата.
Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас исто така се номинирани за Нобеловата награда за мир за 2018. Номинацијата на Заев и Ципрас до Нобеловиот комитет ја достави Уидед Бушамауи од Тунис, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2015.
Заев и Ципрас се номинирани за ова признание поради склучувањето на Договорот од Преспа.
Сепак, еден од најверојатните добитници на Нобеловата награда за мир е премиерот на Етиопија Аби Ахмед, кој склучи мировен договор со Еритреја. Можно е наградата да ја добие и невладината организација „Репортери без граници.
Comments are closed for this post.