Во 60 градови низ целиот свет активисти против климатски промени го блокираат сообраќајот, банките, министерствата и трговските центри за да предупредат на климатската и еколошка катастрофа што им се заканува на сите луѓе на палнетата.

Во Сиднеј полицијата уапсила 30 демонстранти за одбивање да се симнат од патот кај главната железничка станица, додека мирни протести се одржале во Мелбурн и Бризбејн.

Триесет активисти се уапсени и во главниот град на Нов Зеланд, Велингтон, каде што стотици луѓе блокираа големи патишта, министерства, па дури и влегоа во банката „АНЗ“ за да им порачаат да се откажат од поддршката за фосилни горива.

Британската полиција превентивно уапси 10 активисти под сомнение дека го загрозуваат јавниот ред, а демонстранти излегоа на улиците и на Париз и Амстердам.

Тие во Франција блокираа влез во трговски центар, нарекувајќи го „симбол на капитализмот“ и прогласувајќи ја операцијата последна окупација пред крајот на светот. Стотици активисти ги блокираа улиците и на централниот дел на Амстердам и покрај полициската забрана.

Протести се најавени и се одржуваат во Аргентина, Шпанија, САД, Ирска, Индија и Јужна Африка.