На предвремените избори на Косово најмногу гласови освоија Самоопределување 28,1 и Демократскиот сојуз со 27,9, велат излезните анкети на Егзит пул РТК и приштинскиот инситут ПИПОС. Трета, според неофицијалните резултати, е Демократската партија на Косово со 25,8 проценти.

Алијанса за иднината на Косово на доскорешниот премиер Рамуш Харадинај освои само 12,3 проценти.

Според овие резултати Самоопределување на Албин Курти и Демократскиот сојуз би добиле по 32 пратеници додека Демократската партија на Кадри Весели 24. Алијанса за иднината на Косово на Харадинај, која коалицираше со Социјалдемократската иницијатива ќе освои само 11 места.

Од 120 члениот косовски парламент Србите имаат 10 загарантирани места, додека 10 имаат останатите малцинства.

Ако излезните анкети бидат потврдени од официјалните резултати јасно е дека новата влада ќе биде формирана од коалиција.