Агенцијата за статистика на Шведска соопшти дека секој жител минатата година во просек заработил 287.064 круни (26.566 евра). Сепак, приходите значително се разликуваат помеѓу градовите.
Во соопштението на Агенцијата за статистика се наведува дека најголеми плати се забележани во Дандердју, предградие на Стокхолм, каде минатата година граѓаните во просек заработувале 383.988 круни или 35.547 евра.
Најнизок годишен приход забележан е во Хапаранди, Љуснарсберг, Арјангу и Еди.
Во соопштението се обрна внимание и на податокот дека мажите заработуваат многу повеќе отколку жените, но и дека јазот на приходи полека се намалува.
Comments are closed for this post.