Професорот на факултетот за безбедност на Европски Универзитет, Александар Нацев, предупредува дека претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, планираат да го расформираат армискиот Полк за специјални операции.
Според Нацев, таквиот план на Пендаровски и Шекеринска е со цел да се задоволи албанскиот електорат, но во суштина значи отворање можност во специјалните сили да се примаат само кадри што ќе бидат одобрени од ДУИ.
И покрај фактот што анализата на безбедносните предизвици и неизвесноста која тие ја носат ја наметнаа потребата кај земјите членки на НАТО и ЕУ да ја препознаат потребата од зголемување на капацитетите на специјалните единици, Шеќеринска и Пендаровски имаат друга агенда – да го расформираат најелитниот состав на нашата Армија, Полкот за специјални операции. Овој потег не само што е контра евро-атлантските заложби (бидејќи и НАТО и ЕУ ја препознаа потребата од вложување во специјалните единици на Армијата на Република Македонија), туку е анти-македонска, но и анти етничките малцинства. Имено, идејата да се покаже пред албанскиот електорат дека албанци ќе бидат дел од БСН Волци (главната причина заради која се растура Полкот за специјални операции) е само фасада на задоволувањето на потребите на ДУИ. Внимавајте!!!! Не сите албанци и останати припадници на етничките заедници ќе можат според планот на Пендаровски и Шеќеринска да станат дел од десеткуваните специјални единици. Таа привилегија ќе ја имаат само оние за кои ДУИ ќе даде зелено светло – пишува Нацев.
И покрај фактот што анализата на безбедносните предизвици и неизвесноста која тие ја носат ја наметнаа потребата кај…
Posted by Alex Nacev on Saturday, October 5, 2019
Comments are closed for this post.