Претседателот на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Адам Шиф најави дека Конгресот ќе инсистира да добие пристап до разговорите на претседателот Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин и другите светски лидери.
Шиф, кој е член на Демократската партија, изјави дека Конгресот е загрижен оти постои можност Трамп да ја загрозил националната безбедност на САД.
Мислам дека најголема потреба е да се заштити националната безбедност на САД и да се види дали во разговорите со другите светски лидери, особено со Путин, претседателот ја загрозил нашата безбедност на начин на кој мислел дека ќе му донесе лична корист во (претседателската) кампања – изјави Шиф за Ен-Би-Си.
Неименуван поранешен функционер претходно изјавил дека Белата куќа вовела сериозни ограничувања во дистрибуцијата на записниците од разговорите на претседателот Трамп со странските лидери, вклучувајќи ги Путин и саудискиот принц Мохамед бин Салман.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, изјави дека Москва се надева оти нема да бидат објавени записници од разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател.
Comments are closed for this post.