Холивудскиот актер Бредли Купер (44) кој неодамна се разведе од манекенката Ирина Шајк (33) со која ја имаат ќерката Леа де Сена фотографиран е во Њујорк за време на патување со метро со својата наследничка.
Двајцата беа седнати додека се возеа, а изгледа дека Бредли по разводот од убавата Русинка слободното време го поминува со ќерка си.
Се шпекулираше дека двјацата водат битка околу старателството и дека Бредли сака малата да се пресели во Лос Анџелес, а од друга страна Ирина наводно сака да остане во Њујорк, па новите претпоставки се дека актерот се откажал од преселување.
Само неколку дена претходно и Ирина е фотографирана како се шета со ќерката по улиците на Њујорк, а малечката со со своето издание ја засени мајка си.
Comments are closed for this post.