Шеесет и едногодишен пешак од Скопје утринава починал откако бил удрен од товарно моторно возило „МАН“ со приколка со скопски регистарски ознаки.
Како што информираат од МВР, денеска во 08:40 часот било пријавено дека на булеварот „Србија“ во Скопје, во близина на железничкиот мост, возилото управувано од К.Р.(40) од Велес, удрило во пешакот Ј.Љ.(61) од Скопје кој починал на местото на настанот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Comments are closed for this post.